Од следниот месец започнува продажбата на соларни покриви, најави Tesla. Интеграцијата со батериите за домот со Powerwall 2 ќе овозможи домовите да бидат енергетски независни.
Иако соларниот покрив е достапен во претпродажба од април, засега нема податоци за првите испораки. Претпоставките се дека ова ќе започне во средината на 2017-тa, иако нема официјална потврда за ова од Tesla. Веста за достапноста на соларниот кров на Twitter ја објави Илон Маск во одговор на прашање.
Соларните керамиди на Tesla се изработени од материјал кој наликува на стакло и секоја од нив е соларна ќелија. Она што навистина е импресивно е што цената на соларниот покрив на Tesla е пониска од цената на традициoналните кровови. Керамидите на Tesla, се и поиздржливи, а доаѓаат во 4 верзии. Соларниот кров е изработен како соработка на Tesla и SolarCity. Оттогаш Tesla за две милијарди долари ги купи SolarCity, Tesla се ребрендираше во Tesla Inc.
Солaрниот покрив и Powerwall 2 се иднината на компанијата. Бројот на производители на автомобили кои најавија електрични возила е поголем секој ден, па на Tesla и беше потребна област со помалку конкуренција. Дополнително соларниот дом ќе овозможи и електричните автомобили да бидат целосно „зелени“ бидејќи сопствениците на соларниот покрив ќе го полнат автомобилот со електрична енегија од сонцето.