Започна реализацијата на еден од најголемите научни проекти на 21-виот век – телескопот Square Kilometre Array (SKA). Кога ќе биде целосно завршен во 2028 година, тој ќе биде најголемиот телескоп на светот. Неговата задача ќе биде да спроведува најпрецизни тестови за теориите на Алберт Ајнштан, но и други истражувања. Делегации на осум земји кои учествуваат во проектот беа присутни по повод свеченото означување на почетокот на работите во западна Австралија.
„Во овој момент тргнува изведната на овој проект, но станува збор за патување кое трае 30 години. Во првите 10 години ги развивавме концептите и идеите, во текот на другите 10 години работевме на развој на технологиите, а во псоледната деценија фокусот беше на проектирањето, договорите со владата и формирањето на организацијата Square Kilometre Array Organisation (SKAO) која ги обезбедува почетните средства”, рекол професорот Phil Diamond, генерален директор на SKAO со седиште во Велика Британија.
Почетната архитектура на телескопот ќе се состои од речиси 200 параболични антени, како и 131.000 диполни антени. Целта е да се конструира ефикасна собирна површина која се мери во стотина илјади квадратни метри. Така SKA ќе добие неспоредлива осетливост и резолуција за испитување на небото. Една од мисиите на SKA, ќе биде анализата на историјата на водородот, најзастапениот елемент во вселената. Телескопот би требало да биде во состојба да открие присуство на водород дури во периодот на создавањето на првите ѕвезди, односно се враќа на прапочетоците и Big Bang. Телескопот ќе чини 2 милијарди евра, а првите четири станици во Австралија и шестте во Јужна Африка ќе започнат со работа во 2024 година. До 2028 година, SKA ќе има ефективна собирна површина нешто помала од 500.000 квадратни километри. Членството во проектот во моментот го сочинуваат Јужна Африка, Австралија, Велика Британија, Кина, Италија, Холандија, Португалија и Швајцарија, земји кои потпишале спогодба, а Германија, Шпанија и Франција во најскоро време ќе се приклучат. Заинтересирани за учество во проектот се и Канада, Индија, Шведска, Јужна Кореја и Јапонија.