На Плоштадот во Скопје, непосредно пред објектот „Лумикс”, вчера се правеа дупки во земјата. Минувачите застануваа и љубопитно ги следеа работниците, кои им објаснуваа дека почнуваат подготовки за изградба на објектот со шпански скали, пренесува Вест.
На просторот каде што се вршат испитувањата треба да се изгради деловно – комерцијален објект со приземје и три ката во барок стил, со големи скали кои наликуваат на шпанските скали во Рим. Земјиштето го купи фирмата „Амадеус девелопмент” лани во октомври, со обврска во рок од девет месеци да обезбеди одобрение за градба, а објектот да го изгради за најмногу шест години.