Српскиот пазар за електрична енергија ја зголемува конкуренцијата. Од почетокот на годинава стартуваше втората фаза од либерализацијата, па покрај големите индустриски капацитети и јавни претпријатија, сега и другите компании и установи мора да изберат свој снабдувач.
Сепак, најголем дел од потрошувачите останаа верни на ЕПС (Електропривреда Србије), а оние што сè уште не избрале снабдувач, тоа ќе мораат да го направат најдоцна до март. Во спротивно, ќе бидат исклучени од мрежата. Околу 3.200 компании во Србија имаат обврска да купуваат електрична енергија на слободниот пазар, а лиценци за трговија со електрична енергија имаат околу 70 компании.
Сепак, вистинскиот натпревар на пазарот се очекува во 2015 година, со целосната либерализација, кога и домаќинствата ќе имаат обврска да изберат свој снабдувач.
Извор: elektroenergetika.info