Општина Штип започна со уредување на влезно-излезниот дел на Штип кај населбата Железничка. Во текот на вчерашниот ден, започна гребењето на асфалтот, како прва фаза од активностите по што ќе следи поставување на асфалт а потоа и конструкција на тротоарно-пешачки површини.
Уредувањето ќе биде се до подвозникот кој води до излезот за Три Чешми што значи обнова на сообраќајницата и кајКампус 4 на УГД, со цел овозможување на безбеден приод на студентите до кампусот, но од друга страна и уредување на влезот на Штип кој со децении не беше среден онака како што доликува. Инвестицијата е во вредност од 200.000 евра.Градежните зафати ги изведува „Македонија пат“ – Штип.
Со обновата, нов асфалт ќе има кај кружниот тек, ќе се уреди руинираниот премин преку пругата, како и сообраќајницата која е влез на Штип од Велес и Скопје. По асфалтирањето, општината ќе изгради тротоарно-пешачки површини.