Насловна / Вести / Започна тестирањето на кинескиот патнички авион C919

Започна тестирањето на кинескиот патнички авион C919

Големиот кинески патнички авион C919 го реализираше првиот валидационен лет за кинеска авиокомпанија.  Авионот полета од аеродромот во Шангај а слета во Пекинг. Тоа го означува почетокот на сточасовната валидација на летот на овој авион, која ќе трае до средината на февруари 2023 година. Процесот на тестирање сеопфатно ќе ја потврди доверливоста на C919, имајќи ги во предвид комерцијалните операции, а со цел обезбедување сигурност и ефикасност. C919 е првиот домашен голем млазен авион во Кина.

c9191

Во текот на овој процес на валидација, авионот ќе слета во неколку градови во Кина, вклучувајќи ги Пекинг, Ченгду, Сиан, Хаикоу и Чингдао. Првиот авион C919 е испоралчан на авиокомпанијата претходно во текот на месец декември. Првата група на пилоти и тимови за одржување веќе ја поминале обуката. Резултатите од процесот на валидација на летот ќе бидат прегледани и проверени од страна на Управата за цивилна авијација на Кина, а оперативната дозвола за авионот C919  ќе биде издадена на авиокомпанијата, доколку реултатите од сите тестирања се задоволувачки.  Се очекува авионот на China Eastern Airlines да биде пуштен во комерцијална работа во пролет 2023 година.

c9192

Испрати коментар

Scroll To Top