Насловна / Вести / Започна со работа кинескиот нуклеарен реактор од третата генерација

Започна со работа кинескиот нуклеарен реактор од третата генерација

Првата нуклеарна постројка во Кина која ја користи технологијата hualong one,  што претставува домашен реактор од трета генерација, успешно е поврзана на мрежа во провинцијата Fujian во југоисточна Кина. Имено, блокот број 5 на нуклеарната електрана  Fuqing,  при Кинеската национална нуклеарна корпорација, започна да произведува електрична енергија користејќи ја оваа технологија. „Сите технички показатели ги задоволуваат проектните стандарди, а енергетскиот блок работи добро“, рекол генералниот директор на нуклеарната електрана Fuqing. Значајното достигнување ќе придонесе за сериозно подобрување на конкурентноста на кинеската нуклеарна индустрија, што е од голема важност за планот за енергетско реструктуирање на земјата и стремежот кон ниско јаглероден развој. Новата нуклеарна постројка ќе помине различни испитувања, вклучувајќи и непрекината работа под полна моќност, пред да се започне со комерцијална операција.

hualong1

hualong2

Испрати коментар

Scroll To Top