Овие денови започна пробната работа на првите ветерни турбини инсталирани во Црна Гора, кои истовремено се и прва енергетска инвестиција во производствени капацитети во таа земја по 1980 година. Ветерниот парк е сместен на Крново, има инсталирана моќност од 72 MW и се состои од 26 турбини. Се очекува годишно производство на електрична енергија од околу 200 GWh, што ќе претставува удел од 6% во вкупното производство на електрична енергија во Црна Гора.
Реализацијата на овој проект започна во 2015 година, а инвеститор е францускиот Akuo energy, со вложување од 120 милиони евра. Наскоро се планира уште еден ветерен парк, Можура, со моќност од 46 MW, бидејќи Црна Гора има огромен потенцијал во овој обновлив енергетски ресурс.