Насловна / Вести / Започна првата јужнокорејска мисија за истражување на Месечината

Започна првата јужнокорејска мисија за истражување на Месечината

Јужна Кореја лансираше лунарна сонда по прв пат во својата историја. Ракетата SpaceX Falcon-9, со лунарната сонда Korea Pathfinder Lunar Orbiter (KPLO), е лансирана од Кејп Канаверал на Флорида. Леталото има 678 килограми и предвиден минимален работен век од една година. Ќе кружи околу Месечината и ќе собира податоци.

kplo1

KPLO е производ на соработката помеѓу државниот Корејски истражувачки институт за воздушен простор (KARI), други научни инститти во Јужна Кореја и американската вселенска агенција NASA. Јужна Кореја работи на унапредување на амбициозната вселенска програма. Во јуни за прв пат успешно лансираше сателити за цивилни цели во Земјината орбита, со помош на ракети за лансирање од домашно производство. Сеул е исто така и потписник на програмата на NASA за истражување ан Месечината – Artemis.
SKOREA-US-SPACE-DANURI

Испрати коментар

Scroll To Top