Започна реализацијата на проектот за регулација на речното корито на реката Липковка. Таа ќе се одвива во две фази. Втората фаза ќе опфати чистење и на реката Којнарка. Проектот денеска го пресентираа градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, претставникот на УНДП, Луиза Винтон, како и aмбасадорката на Кралство Јапонија, Кеико Ханеда и министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку.
По втората фаза ќе следи и трета, во која е предвидено изградба на мостови и околу стадионот „Башкими“. Проектот треба да се заврши до крајот на годината. Средствата се обезбедени од неколку субјекти, УНДП, Амбасадата на Јапонија, која е еден од поголемите донатори во самиот проект, Министерството за животна средина и просторно планирање и локалната самоуправа. Локалната самоуправа потпипша договор и во тек е исплатата на сите средства во висина од двеста илјади евра, министерството исто така ќе донира околу двеста илјади евра, останатите средства ќе бидат обезбедени од амбасадите.