Во Градскиот парк во Скопје, на кејот на реката Вардар, пуштен е во употреба луксузниот комплекс Парк резиденс.
Според Бранкица Анѓелевска, проект менаџер во Имморекс Македонија ДОО Скопје, во прашање е резиденцијален објект со статусни апартмани и хотел, во кој се инвестирани повеќе од 25 милиони евра домашен капитал. При изградбата на овој комплекс, користени се материјали од светските брендови и имплементирани се највисоки безбедносни стандарди потврдени и од овластените институции во земјата.
Апартманските и деловните единици поседуваат енергетско-ефикасен систем за греење и ладење и ги исполнуваат сите највисоки европски технички и градежни нормативи. Обезбеден е 24-часовен мониторинг на целиот објект, видеофонија, алармен систем, централно греење и ладење, вклучувајќи и комплетна инсталација со фенкојлери и геотермални пумпи за точно мерење на потрошената енергија. Во рамките на комплексот има и спа и фитнес центар.
Комплексот се состои од вкупно 126 апартмани, деловен простор, хотел на 5 ката, обезбеден паркинг, на вкупна изградена бруто површина од 32.264 м2.