Насловна / Вести / Започна пријавувањето за 18-тата Меѓународна летна школа за енергетско планирање

Започна пријавувањето за 18-тата Меѓународна летна школа за енергетско планирање

Осумнаесеттата Меѓународна летна школа под името „Напредно енергетско планирање за достапна, сигурна и одржлива енергија“ ќе се одржи од 10-ти до 19-ти август во етно селото Чардаци во општината Витез во Босна и Херцеговина. Организатор на оваа летна школа е Регионалниот центар за образование и информирање (REIC). Рокот за пријавување е до 10-ти јули.

cardaci1

Десетдневната програма ќе опфаќа еколошки, социоекономски, правни и технолошки прашања кои треба да се разгледаат во транзицијата кон обновлива енергија и идниот зелен раст. Интерактивните предавања ќе се фокусираат на теми кои во моментот се од најголемо значење глобално, а посебно з ајугоисточна Европа: декарбонизација, циркуларна економија, праведна транзиција, дигитализација, еергетска ефикасност, CBAM, енергетска и климатска политика. Целната група на учесници се: млади креатори на политики и вработени во државни институции, амбасади и меѓународни организации; вработени во национални, регионални и локални единици на управата во југоисточна Европа; студенти на завршни години на додипломски, мастер и докторски студии од областа; претставници на невладини организации и професионалци од енергетски компании.

cardaci2

Учесниците на плаќаат никаков надомест за учество на школата и з асместување, но мора да ги покријат трошоците за превоз. Службен јазик на школата е англиски. Право да се пријават имаат кандидати од Албанија, БиХ, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, косово, Македонија, Полска, Романија, Словенија и Србија.

 

Испрати коментар

Scroll To Top