Петнаесеттата Регионална летна школа за енергетско и климатско планирање, ќе биде одржана во Етно селото Чардаци во општината Витез во Босна и Херцеговина, од 18ти до 24ти август 2019 година. Летната школа е во организација на Регионалниот центар за образование и информирање од областа на одржливиот развој за југоисточна Европа (REIC), во соработка со Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа на на GIZ – Енергетска ефикасност (ORF-EE). Фокусот на оваа седумдневна Летна шола ќе бидат петте димензии на Националните енергетски и климатски планови на Енергетската унија за периодот од 2021 до 2030 година: енергетска безбедност, внатрешен енергетски пазар, енергетска ефикасност, декарбонизација и истражување, иновации и конкурентност. Етно селото Чардаци е избрано за место за одржување на Летната школа благодарение на фактот дека се работи за еколошка оаза и одржлив комплекс кој користи обновливи извори на енергија.