Насловна / Вести / Започна полнењето со природен гас на „Турски тек“

Започна полнењето со природен гас на „Турски тек“

Со соопштение за јавноста, компанијата „Јужен тек транспорт“, подружница на рускиот гигант „Газпром“ извести за почетокот на полнењето со природен гас на првиот крак на гасоводот „Турски тек“. „Полнењето на гасоводот е значаен чекор кон почетокот на испораките на природен гас кон Турција и југоисточна Европа, што треба да започне кон крајот на 2019 година“ се вели во соопштението. По завршување на полнењето на првиот крак, ќе се продолжи со полнење и на вториот крак од овој гасовод.

„Турскиот тек“ е гасовод кој води од областа на Црното море кон Европа. Првиот крак е наменет за снабдување на Турција, а вториот за југоисточна Европа. Капацитетот на секој крак е по 15,75 милијарди метри кубни.

turkstream1

turkstream2

turkstream3

Испрати коментар

Scroll To Top