Насловна / Вести / Започна изградбата на велосипедско-пешачка патека покрај Беровското Езеро

Започна изградбата на велосипедско-пешачка патека покрај Беровското Езеро

velosipedska pateka berovsko ezero

Покрај Беровското Езеро започна изградбата на велосипедско-пешачка патека, во должина од 1.680 метри и ширина од 2,5 до 3,5 метри. Дел од патеката во должина од 140 метри е само за пешаци и е решен со изградба на скалила во ширина од 1,5 метар и со безбедносна ограда од страната на езерото. Велосипедско-пешачката патека ќе биде осветлена по целата должина и ќе им овозможи на посетителите крајезерски прошетки во текот на целото деноноќие.
„Изградбата на оваа патека е еден сегмент од програмата на општина Берово за унапредување на туристичката понуда. Ја реализираме со помош на Министерството за транспорт и врски, од кое за оваа намена ни се одобрени 16 милиони денари“, изјави градоначалникот на Берово, Драги Наџински.
Покрај патеката ќе бидат изградени осум проширени простори со настрешници, канделабри, павилјони за скара и освежителни пијалаци, а ќе бидат поставени канти за отпадоци и клупи за одмор.

Испрати коментар

Scroll To Top