Насловна / Вести / Започна изградбата на првата агросоларна електрана во Хрватска

Започна изградбата на првата агросоларна електрана во Хрватска

Комбинирањето на земјоделството и енергетиката поелка добива свое место во секторот за обновливи извори на енергија во југоисточна Европа. За агросоларните електрани се одлучуваат се повеќе инвеститори. Кај оваа технологија, фотонапонските панели се поставуваат на носачи високо над почвата, и на тој начин се овозможува одгледување овошје и зеленчук на ситата површина во делумна сенка и под заштита од временски непогоди како на пример град. Исто така, може да има и варијанта со тревна површина на која може да се напасува добиток.

solida1

Хрватската компанија „Солида“ започна со изградба на својот најголем погон досега, а станува збор токму за агросоларна електрана. Инсталираната можност е 15MW. Локацијата се простира на над 20 хектари. Инвестицијата која вреди 10 милиони евра ќе биде реализирана за една година. Идејата е на истото место да се отвори фарма за овци со 200 грла.

solida2

Во исто време, во Косово, компанијата Solar Energy Group Europe гради агросоларна фарма од 150MW, што ќе биде и најголема фотонапонска постројка на Западен Балкан.

solida3

 

Испрати коментар

Scroll To Top