Насловна / Вести / Започна изградбата на постројка за десулфуризација во ТЕНТ А во Белград

Започна изградбата на постројка за десулфуризација во ТЕНТ А во Белград

TENT1

Во термоцентралата Никола Тесла А (TENT A) во Обреновац запчна изградбата на псотроката за десулфуризација на димните гасови во четири блока –  – A3, A4, A5 и A6 – со моќност од по 350 MW. Со овој проект ќе се овозможи оваа електрична централа на јаглен да работи уште најмалку 20 години во согласност со законските барања на Европската Унија во врска со заштитата на животната средина.  Емисиите на сулфурен диоксид ќе се намалат за девет пати, односно од околу 74.000 тони на 7747 тони годишно. Ќе биде применета влажна постапка за десулфуризација, при што ќе биде користен варовник како реагенс, а како нус производ ќе се добива гипс со квалитет соодветен за примена во градежништвото. Главниот изведувач е конзорциумот предводен од  Mitsubishi Hitachi Power Systems (MHPS), а домашнте компании ќе изведуваат работи во вредност од околу 95 милиони евра. Рокот за изведба е 42 месеци. Термоцентралата Никола Тесла е изградена во седумдесетите години од минатиот век, а денес мора да се прилагодува на строгите критериуми на ЕУ во областа на животната средина. Во тој контекст веќе е се завршени проектите за намалувањње на азотните аоксиди и изградбата на електро филтри, додека десулфуризацијата претстои како најсериозен потфат во овој сегмент. Проектот ќе биде реализиран благодарение на Владата на Јапонија односно поволниот кредит кој го обезбедува JICA.

TENT2

TENT3

Испрати коментар

Scroll To Top