Започна изградбата на една од централните градби за претстојниот ЕКСПО 2020 (Dubai EXPO). Се работи за павилојонот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), проектиран од страна на Сантјаго Калатрава. Инспириран од изгледот на сокол во лет, овој павилјон покрива околу 15.000 метри квадратни на четири ката, при што самиот изложбен простор зафаќа 12.000 метри квадратни а остатокот е за пратечки содржини и функции. Павилјонот се гради од страна на компанијата Arabtec Construction, а се очекува да биде завршен до крајот на 2019 година.
Насловна / Архитектура / Започна изградбата на павилјонот на ОАЕ за ЕКСПО 2020 – ново ремек дело на Калатрава