Кинеската компанија CMEC (China Machinery Engineering Corporation) и официјално започна со изградбата на новиот, трет блок во термоцентралата на јаглен Костолац, во Србија со инсталирана моќност од 350 MW, а очекуваното годишно производство на електрична енергија е околу 2,5 милијарди kWh. Вредноста на инвестицијата е 613 милиони УСД. Се работи за прв термоблок кој се гради во Србија по 26 години.
Проектот се реализира врз основа на меѓудржавната спогодба на Србија и Кина за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата, потпишан во 2009 година. Кинеската Exim банка обезбедила 85% од вкупните средства за овој проект, додека остатокот се сопствени средства на ЕПС (Електропривреда Србије). Аранжнманот со Кина во областа на инфраструктурата вклучува и изградба на пристаниште на Дунав, како и железничка пруга во должина од 18 километри.