Започна изградбата на 213 метри високиот Хинду храм во Утар Прадеш, Индија, кој по завршувањето ќе биде највисокиот верски објект во светот. Објектот, проектиран од страна на индиската компанија InGenious Studio, ќе ја надмине катедралата во Улм, Германија, која со 162 метри во моментот е највисок верски објект во светот.
Новоизградената структура, отпорна на земјотреси, ќе прекрива површина поголема од онаа на Базиликата Св. Петар во Рим, а меѓу останатите содржини предвиден е и тематски парк.