Насловна / Градежништво / Започна изградбата на минор-коритото на Крива Река

Започна изградбата на минор-коритото на Крива Река

minor korito na kriva reka

Во Крива Паланка започна изградбата на минор-коритото на Kрива Река. Неговата изградба е во рамки на проектот „Реките не познаваат граници“, финансиран од ИПА-програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија.

Проектот се имплементира од страна на општина Дупница, Република Бугарија, како водечки партнер и општина Крива Паланка како партнер во проектот.

Вкупната вредност на проектот, кој го реализираат општините Kрива Паланка и Дупница, е околу 500 илјади евра, од кои околу 250 илјади се наменети за активностите во оваа македонска општина. Останатите ќе бидат инвестирани во речната инфраструктура во бугарската општина Дупница.

Заменик-министерот за локална самоуправа Ѓоргија Сајковски истакна дека Kрива Паланка е лидер по бројот на реализирани проекти и искористени европски средства од ИПА-програмата.

Градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски потенцираше дека е изработен проект за уредување на коритото на Крива Река, со кој ќе бидат опфатени и регулирани 500 метри.

„Веќе е аплициран проект за изградба на минор-коритото од прекуграничната соработка со Република Косово за изградба на 450 метри, а со изградбата на дел од коритото ќе се промени и личната карта на овој дел од општината“, истакна Алексовски.

Заменик-градоначалникот на Дупница Kрасимир Ѓоргиев ја истакна долгогодишната соработка во трансграничните проекти меѓу двете општини, која е пример за другите општини од Македонија и од Бугарија.

Испрати коментар

Scroll To Top