Меморијалниот центар во Вашингтон, во чест на Двајт Ајзенхауер, конечно започна да се гради минатата недела, по долготрајниот и макотрпен процес на одобрување. Автор на проектот е Фрaнк Гери, кој по повод почетокот на изведбата на објектот ја истакна професионалната но и личната сатисфакција од овој свој труд. „Овој проект за мене е огромна чест и професионално и лично. Имав 16 години кога Ајзенхауер ги порази нацистите и ги поведе САД во големата победа. Изгубив 33 членови на моето семејство во концентрационите логори, па затоа победата има уште поголемо значење за мене“ изјави Гери.
Центарот во чест на славниот генерал и 34-ти претседател на САД, се очекува да биде целосно завршен и отворен на 8-ми мај 2020 година.