Италијанската фирма „Кондево“ ја започна изградбата на нова фабрика за делови за кондензациски бојлери во ТИРЗ Штип.
Проектираната инвестиција изнесува 30 милиони евра, а очекувањата се дека ќе овозможи вработување на најмалку 280 лица. Компанијата планира од нашата земја да извезува низ целиот свет, првенствено во европските земји, Северна Америка и Ирак.
Станува збор за компоненти за светските производители: „Вајлант“, „Бош“, „Вајсман“ и други.
Во технолошко – индустриската зона во близина на Штип досега се изградени две фабрики во кои непречено се одвива производствениот процес.