Насловна / Вести / Започна изградбата на енергетскиот кабел Италија – Црна Гора

Започна изградбата на енергетскиот кабел Италија – Црна Гора

Во Црна Гора започна изградбата на енергетскиот кабел кој ќе ги поврзува електроенергетските системи на Црна Гора и Италија. Од италијанскиот брег кон Црна Гора веќе се поставени 136 km кабел, а вкупната должина од Пескара во Италија до ‘ртот Јаз изнесува 455 km.energetski-kabel-italija-crnagora_2

Работите се изведуваат на дното на Јадранско Море на длабочини кои достигнуваат 1.200 метри, а кабелот има номинален капацитет за пренос на еднонасочна струја од 1000 MW.energetski-kabel-italija-crnagora_4

„По пуштањето во погон на овој кабел, Црна Гора ќе има приходи од пренос на електрична енергија, а особено е значајно што со оваа инфраструктурна врска Црна Гора се интегрира во регионалниот и европскиот пазар на електрична енергија. Овој подморски далновод, трасира еден нов енергетски пат – Трансбалкански коридор, во кој се испреплетуваат интересите на Енергетската заедница и земјите од Западен Балкан“, изјави Мило Ѓукановиќ во обраќањето по повод започнувањето на работите на овој проект на територијата на Црна Гора.energetski-kabel-italija-crnagora_6

Енергетскиот сектор на Црна Гора може да се пофали и со други добри вести. Европската Унија преку инвестициската рамка за Западен Балкан одобри 25 милиони евра заем за поддршка на изградбата на 400 kV конекција Плевља – Бајина Башта, додека, пак, на 29 септември е потпишан Договор за изградба на вториот блок на термоцентралата „Плевља“ со моќност од 254 MW.energetski-kabel-italija-crnagora_1

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top