Со поставување на камен-темелник за две станбени згради официјално започна изградбата на проектот вреден 3,5 милијарди евра.
Претседателот на Владата на Србија Александар Вучиќ и директорот на „ИГЛ Хилс“ Мухамед Алабур го поставија камен-темелникот на проектот „Белград на вода“. Со поставување на темелите за две станбени згради и отворањето на Савската променада и официјално започна изградбата на проектот „Белград на вода“ вреден 3,5 милијарди евра.
Двете станбени кули ќе имаат 296 станови, односно околу 60 илјади метри квадратни, а продажбата на становите по принципот на регистрација на заинтересирани за купување ќе започне на 3 октомври. Тогаш и ќе се знае цената на метар квадратен.
Според градоначалникот на Белград Синиша Мали, околу 6500 купувачи веќе се пријавиле за станови, а рокот за завршување на кулите е две и пол години.
Претходно со присуство на кордони полиција, бил организиран протест на неколку стотини граѓани под слоганот „Не го давиме Белград“ кој поминал мирно, а неколку улици биле затворени.
Улиците околу „Геозавод“ биле затворени со полиција, при што не им било дозволено на демонстрантите да се приближат на зградата во која се наоѓа фирмата носител на проектот.
Организаторите рекле дека на почетокот на протестот биле уапсени две лица.
Претставници на иницијативата „Не го давиме Белград“, порачаа дека се собрале за да изразат незадоволство од одлуката за ситни пари на приватни инвеститори да се даде земјиште во центарот на градот.