Изградбата на новата улица „Никола Киров Мајски“ во Брусничка населба во Битола, започна со изградба на атмосферска и фекална канализација како прва фаза, изградба на санитарна и технолошка вода втора фаза и како трета фаза изградба на коловоз.
Вредноста на целиот проект изнесува околу 8.6 милиони денари, од кои 3.4 милиони се за изградба на канализација, приближно два милиони денари за изградба на водоводна мрежа и околу 3.3 милиони за изградба на коловоз.