Супербрзиот воз кој ги поврзува Париз и Берлин, започна со редовен сообраќај. Линијата сообраќа еднаш дневно, а оператор е германската железница односно компанијата Deutsche Bahn. Патувањето помеѓу двата града треа осум часа. Стартувањето на оваа нова линија на супербрз воз доаѓа во моменти кога Deutsche Bahn има намера да ја подобри доверливоста и точноста, откако минатиот месец само 60% од возовите на долги релации стигнале навреме на своето одредиште, односно доцнеле помалку од 6 минути.
Државната германска железница поставила цел тој учинок да го подобри до 2027 година, кога планира 75% од возовите да стигнуваат навреме. Новиот супербрз воз ќе застанува во Франкфурт, Карлсруе и Стразбур. Во моментот постои уште една линија помеѓу Берлин и Париз, на која сообраќа воз со помала брзина. Оваа линија е воведена минатата година, а возот сообраќа три пати неделно.