За трите изгубени човечки животи во пожарот во хидроцентралата „Дубровник“, виновна е грешката на проектантите на ревитализацијата на оваа електрана, како и немањето надзор, бидејќи само така може да се објасни фактот дека во текот на ревитализацијата во 2016 година, повторно бил вграден запалив материјал.
Иако стандардите за безбедност и заштита од пожари бележат значителен напредок, сепак со реконструкцијата во 2016 повторно бил вграден истиот материјал на таванот на машинската хала, во која поради искрење на кабел избил пожар. Наводно, самиот пожар и немал некои големи размери, туку најголем проблем бил црниот густ чад поради кои вработените кои се затекнале на постројката тешко можеле да се ориентираат. Бегајќи од чадот, тројцата работници се симнувале кон долните галерии на машинската хала, а на крајот биле приморани да скокнат во одводниот канал каде ги изгубиле животите.
Истрагата за овој несреќен случај траеше шест месеци, по што неодамна се успасени тројца членови на управата на електраната, како и четворица проектанти. Сите се товарат за тешко дело против општата сигурност поврзано со опасно изведување на градежни работи. Се соочуваат со затворска казна од најмалку 3, до максимум 15 години.