Насловна / Вести / Западен Балкан добива уште четири берзи за електрична енергија до средината на 2023 година

Западен Балкан добива уште четири берзи за електрична енергија до средината на 2023 година

Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово, планираат да отворат берзи на електрична енергија во последниот квартал од годинава, односно во првото полугодие на 2023 година. Тоа би било голем чекор напред за овие земји членки на Енергетската заедница, со оглед дека сега само Србија има оперативна берза  – SEEPEX. Како што се истакнува во извештајот на Енергетската заедница, потребата од воведување на пазари „ден однапред“ и нивната интеграција е многу важна за поголема пенетрација на обновливите извори на енергија, но и за воведување на механизмот за прекугранично прилагодување на емисиите на јаглерод (CBAM). Имено, спојувањето на пазарите на електрична енергија во регионот е еден од условите да се избегне наплатувањето на оваа прекугранична јаглеродна такса. Споменатите земји се во различна фаза на имплементација на пазарите „ден- однапред“, а овој процес највеќе доцни во Босна и Херцеговина.

market1

 

Испрати коментар

Scroll To Top