Американското проектантско биро Diller Scofidio + Renfro го заврши заоблениот челичен мост, Park Union Bridge, од 76 метри во Колорадо Спрингс.
Мостот го поврзува комплексот на олимпискиот и параолимпискиот музеј на САД, проектиран од Diller Scofidio + Renfro, Anderson Mason Dale и KL&A, а кој е отворен во 2020 година.
Наречен мост Park Union, закривената конструкција достигнува височина од 7,6 метри и лебди над шини. Новиот пешачки мост ги поврзува паркот America the Beautiful Park со центрот на Колорадо Спрингс.
Со тежина од 550 тони, дизајнот на мостот, кој има лебдечка форма во воздухот, е инспириран од движењето на спортистите кое пркоси на гравитацијата.
Дизајнот на мостот е составен од два меѓусебно поврзани јазли, кои се протегаат од двете страни на шините и ги поврзуваат музејот и паркот. Ноќе, кога е осветлена, патеката и формата на мостот се истакнуваат уште повеќе. Посетителите минуваат низ окулусот кој го врамува погледот кон музејот и фонтаната Penrose во паркот.
„Мостот е вежба за способност – и од аспект на материјали и од геометрија. Систем на хибридна челична конструкција функционира како лак и носач, елегантно зачувувајќи ги погледите од центарот на градот кон величествените планини Rocky Mountains и Pikes Peak”, вели Benjamin Gilmartin, партнер и водечки проектант во DS+R и додава: „Елементите на дизајнот вклучуваат лифт, скали, место за велосипеди и поглед кон западниот крај на мостот“.
Како што објаснуваат од DS+R, мостот, исто така, обединува растечка мрежа на пешачки и велосипедски патеки.
Мостот е префабрикуван и склопен од King Fabrication во Хјустон, Тексас, а комплетната монтажа е спроведена во мај 2020 година за да се обезбеди континуирана геометрија.
Површината на патеката е направена од бетон со парапети, и се одликува со архитектонски завршетоци, со кабли од не’рѓосувачки челик.
Целиот елемент од 300 тони поставен е на своето место користејќи самоодни модуларни транспортери за да се постават целиот мост на неговите потпори во времетраењењ од осум часа, за да се скрати времето на прекин на железничките линии.