За само неколку месеци во општина Кисела Вода на најфреквентните места, жителите од околните згради добија преуредени катчиња за одмор, а за најмладите простор за игра. Она што не е за занемарување е самата естетика и функционалност на реквизитите, кои се разликуваат од одамна монотоните таканаречени детски игралишта. Токму тоа го нуди и новиот „замок“ на улица „Христо Татарчев“ што се простира на 100 м2, на две нивоа, кој е изработен од бел бор и чам, водоотпорни шперт-плочи, полиетиленски лизгалки, шиндра и гумен под, за кој општината издвои 1.250.000 денари. Замокот е изработен од страна на фирмата „Урбано ЕЛ“.