Насловна / Арт и дизајн / Отворена изложбата „Замислувајќи го Балканот… “ во Чифте Амам

Отворена изложбата „Замислувајќи го Балканот… “ во Чифте Амам

izlozba balkan vo cifte amam_16

Во објектот Чифте амам при НУ Национална галерија во Скопје вчера беше отворена изложбата „Замислувајќи го Балканот – Идентитетите и сеќавањата од долгиот 19 век“. Се работи за патувачка изложба која по повеќе од една година пристигна и во Македонија.

Според министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, на оваа значајна изложба која ја раскажува приказната за градењето и за развитокот на модерните нации во Југоисточна Европа, посетителите на непосреден и автентичен начин ќе можат да се запознаат со балканската историја, со културата, религијата и со богатото културно наследство на овој простор, кое е универзално и препознатливо во меѓународен контекст.

„Замислувајќи го Балканот е изложба која несомнено ги демантира негативните стереотипи за Балканот и ги антиципира вредностите кои не издвојуваат но, и не обединуваат во балканскиот и во европскиот културен простор. Таа  е искрен придонес на балканските земји во одбележувањето на нашето славно минато и на нашата заедничка историја“, рече на отворањето на изложбата Канческа-Милевска.

Поставката обединува 12 земји од Балканот и од Југоисточна Европа, кои низ своја призма го претставуваат преродбеничкиот период. Почна лани во Љубљана од каде што патуваше во Белград и во Букурешт.
Поставката  ја организира УНЕСKО, преку нивната канцеларија БРЕСЦЕ во Венеција. Во комплексната поставка, покрај нашата земја учествуваат и Србија, Албанија, Словенија, Грција, Република Српска, Хрватска, Бугарија, Kипар, Романија, Црна Гора и Германија. Изложбата е во организација на Музејот на Македонија, во соработка со канцеларијата на УНЕСKО при Министерството за култура, Kинотека на Македонија и Управата за заштита на културното наследство.izlozba balkan vo cifte amam_15 izlozba balkan vo cifte amam_18 izlozba balkan vo cifte amam_19 izlozba balkan vo cifte amam_20 izlozba balkan vo cifte amam_13 izlozba balkan vo cifte amam_12 izlozba balkan vo cifte amam_11 izlozba balkan vo cifte amam_10 izlozba balkan vo cifte amam_09 izlozba balkan vo cifte amam_08 izlozba balkan vo cifte amam_07 izlozba balkan vo cifte amam_14 izlozba balkan vo cifte amam_17 izlozba balkan vo cifte amam_06 izlozba balkan vo cifte amam_05 izlozba balkan vo cifte amam_04 izlozba balkan vo cifte amam_03 izlozba balkan vo cifte amam_02 izlozba balkan vo cifte amam_01

Испрати коментар

Scroll To Top