Насловна / Архитектура / Замина првата дама на флуидната архитектура – Заха Хадид

Замина првата дама на флуидната архитектура – Заха Хадид

Светски познатата архитектка Заха Хадид почина од срцев удар на возраст од 65 години. Оваа угледна британска архитектка и дизајнерка со ирачко потекло, почина изненадно во болница во Мајами.zaha hadid (2)

Како што пишува www.dezeen.com, Заха Хадид била хоспитализирана заради лечење од бронхитис, меѓутоа одеднаш доживеала срцев удар.

Повеќе информации за овој несреќен настан се очекуваат наскоро.O: Totale

Националниот центар за современи уметности во Рим -MAXXI

Заха Хадид се прослави  со големи архитектонски проекти низ целиот свет, а нејзиниот стил се карактеризира со силни футуристички линии и органски закривени линии и издолжени форми. Нејзиниот потпис стои зад архитектонските ремек-дела како што се Националниот центар за современи уметности во Рим -MAXXI, лондонскиот Aquatics Centre изграден за потребите на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, Операта во кинескиот Гуангжу, централната зграда на компанијата BMW во Лајпциг, Мостот Павилјон во Сарагоса, музејот Риверсајд во Сарагоса, Центарот Хејдар Алијев во Баку и многу други објекти, што ја прават една од најуспешните архитекти на денешницата.zaha hadid

Културен центар „Хејдар Алијев“ во Баку

Таа е родена и израсната во Багдад. Студирала математика на Американскиот универзитет во Бејрут, пред да се запише на познатата школа на архитектура во Лондон во 1972 година.

Заха Хадид работела долго време со иновативниот холандски архитект Рем Колхас, по што во 1979 година го основала своето студио Zaha Hadid Architects.zaha hadid (8)

Мост Павилјон во Сарагоса

Заха Хадид, исто така, соработувала со врвни модни куќи, со што своите дизајнерски и архитектонски идеи ги изрази и преку други медиуми. Така, во соработката со бразилската компанија за производство на чевли „Мелиса“, Заха Хадид го дизајнира уникатниот пар „без шевови“, чиј облик се базира на флуидни органски контури на човечкото тело и ја евоцира потребата за постојана трансформација и движење.

заха хадид чевли мелиса

Чевли „Мелиса“

hadid

Соработката на Заха Хадид на проектот Lacost footwear, за колекцијата пролет/лето 2009, почнала со производство на дигитална верзија на познатото лого, кој потоа бил пренесен на структурата на динамична флуидна мрежа.celeste zaha hadid

Накит Celeste

Уште една интерпретација на чистиот архитектонски јазик претставуваат уникатните парчиња накит Celeste, кои Заха Хадид ги дизајнираше за „Сваровски“.Beko masterplan Belgrad

План за комплекс „Беко“ во Белград

Во нашиот регион, односно во Белград, нејзиното архитектонско студио има проектирано повеќенаменски комплекс, којшто требал да биде изграден на местото на некогашната фабрика „Беко“ во подножјето на Калемегдан, но во меѓувреме изградбата била откажана.

zaha hadid (7)

Оперска куќа во Гуангжу

zaha hadid (6)

Седиштето на BMW во Лајпциг

zaha hadid (4)

Центарот за водени спортови во Лондон изграден за Олимписките игри во 2012

Исто така, таа беше првата жена добитник на Прицкеровата награда за архитектурата, а минатата година таа стана и првата жена во историјата на која и бил врачен угледниот кралски Златен медал за архитектура (Royal Golden Medal), доделен од страна на Кралскиот институт на британските архитекти (РИБА).

zaha hadid (5)

Идниот изглед на стадионот кој ќе биде изграден за Светското првенство во Катар во 2020

Сочувство за смртта на Заха Хадид изрази градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон, кој на Твитер напишал дека „таа беше голема инспирација и нејзиното наследство ќе остане да живее во убавите згради ширум светот“.

 

Испрати коментар

Scroll To Top