Растението Замија потекнува од Централна и Јужна Америка, со видови што се шират од Мексико до Аргентина. Припаѓа на семејството Cycad (Cikas), кое е едно од најстарите фамилии на растенија во светот, кое датира од времето на диносаурусите. Замија може да се најде во широк спектар на живеалишта, вклучувајќи мочуришта, суви шуми, па дури и пустини.
Постојат над 70 видови на Замија, секој со свој уникатен изглед и барања за раст. Најчести видови се Zamia furfuracea, Zamia integrifolia и Zamia pumila. Тие се разликуваат по големината, обликот на листовите и изгледот на конусите.
Замија има широки, бујни лисја на долго стебло. Листовите се густи и цврсти, а некои видови имаат уникатна текстура на листовите. Растението може да порасне и до три метри, иако повеќето видови се многу помали.
Замија сака светлина, но не и директна сончева светлина. Оптималното место за одгледување е место со индиректна светлина, дури толерира и места со мала количина на светлина.
Замијата бара умерено полевање, со паузи помеѓу полевањето за да се дозволи почвата да се исуши. Оставете ја почвата да се исуши и дури потоа полевајте ја на секои 2-3 недели и повторувајте ја постапката секој пат. Бидете внимателни бидејќи премногу вода може да предизвика гниење на коренот, па затоа е важно почвата да се одржува влажна, но не и мокра.
Повремено вртете го растението за листовите да добијат умерена доза на светлина. Ако забележите кафени точки на вашето растение, тоа е знак дека го мачи премногу светлина.
Замијата ја нарекуваат и „мрзлива жена“, токму од причина што не и треба многу внимание.
Замијата е уникатно и атрактивно растение кое е сè попопуларно во градините и домовите. Не бара многу внимание и растението може да се ужива многу години. Кога правилно се грижите, ова растение може да прерасне во прекрасно дрво со бујни лисја што ќе ве радуваат секој ден.
Замија е позната по својата духовна моќ и способност да ја апсорбира негативната енергија. Се верува и дека е растение кое носи пари и среќа, па често краси многу домови, работни простори и канцеларии, особено банкарски. Се верува дека ова неверојатно растение му носи благослов на својот сопственик.