Насловна / Вести / Закупен целокупниот капацитет на ТПГ терминалот во Крк

Закупен целокупниот капацитет на ТПГ терминалот во Крк

Компанијата LNG Hrvatska неодамна соопшти дека е закупен целиот слободен капацитет на терминалот за Течен природен гас (ТПГ) на Крк, за наредните три години. Согласно Правилата за користење на овој ТПГ терминал, секоја година до 15-ти јуни заинтересираните корисници на терминалот можат долгорочно да ги закупат слободните капацитети. До истекот на овој рок, примена е понудата на компанијата Powerglobe Qatar со што веќе целиот капацитет е зафатен. Покрај Катарците, кои за следните пет години закупиле по 0,468 милијарди кубни метри, за наредните исто така пет години по 0,624 милијарди кубни метри закупиле компаниите MET Croatia Energy Trade и MFGK Croatia. ТПГ терминалот на Крк, чиј технички капацитет изнесува 2,6 милијарди метри кубни гас, стартува со работа од следната година.

krk1

krk2

Испрати коментар

Scroll To Top