Озонската дупка продолжува да се намалува и обвивката се обновува, предизвикувајќи промени во атмосферската циркулација – движење на воздухот и ветровите.
Користејќи ги сателитските податоци и симулациите за климата, Антара Банарџи и нејзините колеги од Универзитетот во Колорадо Болдер откриле дека менувањето на правецот на ветрот е поврзано со обновувањето на озонскиот слој.
Намалувањето на озонската дупка во голема мерка се должи на протоколот во Монтреал во 1987 година, со кој се забранува употреба на супстанции што го уништуваат озонот.
Пред 2000-тите години, појасот на воздушни струи на средна висина над Јужната хемисфера се повеќе се движеше кон Јужниот пол. Исто така, се повеќе се ширеше Хедлиевата струја, која создава поволни океански ветрови, кои носат облаци со дожд до тропските региони и создава урагани.
Банарџи и нејзиниот тим откриле дека и двата тренда престанале и почнале да се враќаат по 2000 година. Оваа промена не може да се објасни со случајната „флуктуација на климата“, но се должи на закрепнувањето на озонскиот слој.
Промената на струите на воздухот може да влијае на временските промени во атмосферската температура и врнежите од дожд, што може да резултира во промени во температурата на океанот и на соленоста.
И покрај забраната за супстанции што го разградуваат озонот, овие хемикалии имаат многу долг животен век во атмосферата, така што целосното закрепнување на обвивката ќе трае уште неколку децении.
Покрај тоа, озонските слоеви се обновуваат со различна брзина во некои делови од атмосферата.
Над северната хемисфера, обвивката се очекува да достигне состојба од 80-тите години до 2030 година, и ќе се потребни две децении подолго за да се опорави од јужната хемисфера.