Проектот, наречен Ncaved House, е потпишан од архитектонската фирма MOLD Architects, која создаде засолниште, заштитено и од силни ветрови и од непотребни погледи, додека на жителите им се пружа прекрасен поглед на грчкото приморско место Агиос Состис на Закинтос.
Архитектите дошле до обликот на објектот со формирање правоаголна решетка на закосената парцела, а потоа, како поле на шаховска табла, ги замениле исполнетите и празни простори што одговараат и истовремено формираат куќа. Оваа строга геометрија е прекината со вртење на една странична крајна оска, што овозможува да се создаде повеликодушен и поотворен поглед одвнатре.
Куќата со вкупна површина од 360 квадратни метри е оградена и заштитена во рамките на масивните надолжни камени sидови.
За разлика од надолжните носечки sидови, попречните sидови се многу полесни, направени од стакло и може да се отворат по целата должина.
Предниот дел од куќата е отворен на исток, во зона каде внатрешниот простор постепено се претвора во отворени уредени зони. На задниот дел од куќата, иако овој дел е значително закопан во земја, има затворени дворови со прозорци, со цел да се овозможи зголемен проток на воздух и светлина и во овој дел од живеалиштето.
Колку што е интересна куќата однадвор, толку интересна и одвнатре. Навлегувањето во отворени и затворени простории со употреба на бетон, камен и стакло му дава доза на елеганција.
Обезбедена природна вентилација, како и осветлување, заедно со камени sидови, зелен покрив, соодветна изолација и енергетски ефикасно стакло, му овозможуваат на престојот во Ncaved одлични биоклиматски карактеристики.
Куќата е поделена на три нивоа, така што спалните се во едното, дневната соба во другото, а третото ниво е куќа за гости.
Првите две нивоа функционираат заедно, додека куќата за гости е независна.
Надворешното скратено скалило ги поврзува сите три нивоа и води од влезот во куќата на самиот врв, сè до подножјето. Ова суптилно спуштање, сместено веднаш до куќата, има прекрасен поглед кон морето кога се спушта, додека погледот кон небото е врамен при искачување на страничните ѕидови.
Додека надолжните sидови што ги затвораат, но и ги отвораат просторите се масивни и полни, настрешниците и деловите од фасадата се перфорирани, што овозможува формирање на разни сенки и дополнително влијае на драматичноста на куќата.