Насловна / Вести / Закажан е првиот комерцијален лет во вселената: Станица на 408 километри од Земјата

Закажан е првиот комерцијален лет во вселената: Станица на 408 километри од Земјата

Приватната компанија Axiom Space соопшти дека ќе го реализира првиот комерцијален лет на Меѓународната вселенска станица (ISS). Сепак, тоа ќе се случи најрано во јануари 2022 година. Axiom Space ќе ја лансира мисијата која ќе биде првиот лет кон станицата која се наоѓа на 408 километри од Земјата. Мисијата веќе го доби името Ax-1, а ќе ја предводи Michael López-Alegría, кој веќе бил астронаут на НАСА и четири пати бил во вселената, а сега е потпретседател на Axiom Space. Останатите тројца членови се приватни инвеститори – американецот Larry Connor, Mark Pathy од Канада и Eytan Stibbe од Израел.  Секој од тројцата инвеститори платил по 55 милиони УСД за ова задоволство.

axiom1

axiom2

 

Испрати коментар

Scroll To Top