Насловна / Вести / Зајакнување ѕидарија со конструктивно префугирање – стреп

Зајакнување ѕидарија со конструктивно префугирање – стреп

СОРАБОТКА помеѓу Градежен Факултет и ИЗИИС, двете членки на УКИМ, Скопје и АДИНГ АД, Скопје

Денес е продолжена соработката на низата долгогодишни меѓусебни проекти и ова претставува уште еден одличен пример за меѓусебната соработка на научните институции, факултети и научно-истражувачки институти и приватниот сектор во истражувачки активности.
Предмет на истражување во овој научно-истражувачки проект се ѕиданите конструкции, поточно проучување и експериментално испитување на еден од традиционалните методи за зајакнување на ѕиданите конструкции, методот на префугирање, со употреба на традиционални и современи материјали.

IMG_4437 (Medium)

Станува збор за развојно применето истражување во временска рамка од 12 месеци. Истото ќе биде спроведено помеѓу научно-истражувачките тимови на Градежниот факултет во Скопје, Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија и АДИНГ компанија за хемиски производи за градежништвото. Активностите на овој проект коинцидираат со претстојните јубилеи во 2019-та година, 70 години – Градежен факултет и 50 години – Адинг.

Испрати коментар

Scroll To Top