Заха Хадид неодамна го доби конкурсот за проектот за иновативна и инспиративна галерија посветена на математиката во Научниот музеј во Лондон.
Новата галерија во вредност од пет милиони долари ќе ги истражува многуте влијанија кои математичките науки ги имаат врз нашиот секојдневен живот, а новиот простор ќе биде постојан дел на Музејот на наука во рамките на големото планирано реновирање.
Заха Хадид треба да го реализира проектот до почетокот на 2016 година, а просторот ќе ја раскажува приказната за математика од почетокот на 17 век до денес, со секој архитектонски елемент обликуван во познатиот футуристички стил со потпис на Заха Хадид. Галеријата ќе ги претвора навидум апстрактните математички концепти во возбудливо интерактивно искуство за сите посетители“, изјавила познатата архитектка.