Насловна / Архитектура / Заха Хадид ја проектира Математичката галерија во Музејот на науката во Лондон

Заха Хадид ја проектира Математичката галерија во Музејот на науката во Лондон

zaha-hadid-architects-mathematics-gallery-aeroplane-exhibit-2
Математиката често има лоша репутација како предмет во училиштата, но новата револуционерна галерија во Музејот на науката во Лондон може да помогне за подобро разбирање на оваа наука. Архитектонското биро Zaha Hadid Architects го претстави проектот за новата интерактивна математичка изложба, која ќе биде финансирана со донација од пет милиони фунти. Проектот има за цел да стане „најважна светска галерија на математиката“! Новата математичка галерија ќе биде уредена во склоп на реконструкцијата на Музејот на науката вредна 60 милиони фунти, при што во наредните пет години ќе се трансформира една третина од музејот.

02-View-from-East-gallery-entrance-Science-Museum-Mathematics-Gallery-c.Zaha-Hadid-Architects-small
Математичката галерија ќе биде поделена на три зони: математичари, примена на математиката во секојдневниот живот и математички алатки и идеи. Интерактивните експонати ќе раскажуваат како математичарите го обликувале светот околу нас, почнувајќи од 17 век до денес. На плафонот од галеријата ќе биде поставен авионот Хендли Пејџ (Handley Page), големиот британски експериментален авион од 1929 година. Најавено е новата Математичка галерија во Музејот на науката во Лондон да биде отворена во текот на 2016 година.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top