Најпопуларната азиска дестинација за оние кои се во потрага по забава, Макао во 2017 година угостил повеќе од 32 милиона туристи. Оваа година се очекува тој број да порасне за скоро десет посто и во својата понуда ќе го има и луксузниот хотел Morpheus со спектакуларна архитектура која го менува изгледот на градот.
Најголемо внимание привлекува формата на хотелот која го прави да изгледа како скулптура во јавен простор. Отворите во средина на објектот имаат цел подобро да ја поврзат зградата со градот.
Во 2012 година, кога е нарачан проектот, темелите на објектот веќе постоеле. На постоечките темели Zaha Hadid Architects проектирале хотел од 40 ката, непреоѓајки ја ограничената висина од 160 метри. Монолитниот правоаголен блок е со шуплина во својот централен дел.
Новиот хотел Morpheus ги има сите содржини потребни за добра забава и луксузен одмор во азиската престолнина на забава, меѓутоа фасадата е она поради кое овој хотел е во жижата на стручната јавност.
Хотелот е обвиткан со стаклена фасада и челични профили, кои ја следат аморфната форма на објектот кој делува како да е фатен во мрежа. Целото доживување е дополнително потенцирано ноќе кога ќе се запалат светлата и објектот изгледа како кошница.
Хотелот Morpheus сместен е во рамки на ризортот City of Dreams и содржи 770 соби и апартмани, простории за состаноци и прослави, соби за игра, лоби, ресторани, спа центри, базен на кров и јавни отворени простори.
Во основа на објектот се две кули меѓусебно поврзани во приземјето и кровот. Дванаесет стаклени лифтови во атриумот им овозможуваат на гостите вертикална комуникација, но и атрактивен поглед како на атриумот, така и на градот.
Трите отвора, решени помалку на драматичен начин ја формираат фасадата на хотелот, но и во внатрешните простор создаваат интересни форми.