Насловна / Вести / Zaha Hadid Architects со предлог за мрежа од пешачки улици во Лондон

Zaha Hadid Architects со предлог за мрежа од пешачки улици во Лондон

Компанијата Zaha Hadid Architects го претстави својот предлог за развивање на повеќе улици за пешаци во Лондон. Станува збор за проектот насловен Walkable London,  истражувачки предлог кој ги идентификува артериите и главните области во градот кои би имале најголем бенефит од пешачките зони. Оваа трансформација е замислено да се одвива во три фази: примарни авении, секундарни авении, и на крајот – целиот кварт. Некои од најпознатите авении вклучени во овој концепт се: Upper Street, Oxford Street и Regent Street.

Walkable London 4

Walkable London 3

“Трансформирањето на само неколку улици во пешачки зони, тешко дека ќе направи некаква значајна разлика во однос на сообраќајната гужва, загадувањето и јавното здравје. Затоа, неопходна е целосна мрежа од пешачки улици, и истата треба да биде интегрален дел од градската сообраќајна инфраструктура.” велат од Zaha Hadid Architects.

 

Испрати коментар

Scroll To Top