Насловна / Архитектура / Zaha Hadid Architects проектираше три меѓусебно поврзани облакодери

Zaha Hadid Architects проектираше три меѓусебно поврзани облакодери

Во последно време најамбициозните проекти Zaha Hadid Architects (ZHA) се главно лоцирани во Кина, а меѓу нив е и  Infinitus Plaza и Beijing Daxing International Airport. Следен во низата е проектот која опфаќа три впечатливи облакодери поврзани со повеќе „небесни мостови“. Wuhan Taikang Financial Centre ќе биде сместен во деловниот кварт Hankou Riverside во Вухан. Неговите три кули ќе се најдат на мала меѓусебна оддалеченост и ќе бидат поврзани со мостови со повеќе точки.

zha1

zha2

Сеуште не е објавено колкава ќе биде височината на тие кули, но познато е дека првата ќе има 52 ката и ќе биде свртена кон градот. Втората кула ќе има 47 ката и ќе биде свртена кон блиската река, додека третата кула ќе има 50 ката и ќе има поглед кон голем парк. Помеѓу кулите ќе биде сместен деловен простор, хотел, малопродажни објекти и ресторани. Во приземјето ќе биде централниот двор со бујна вегетација, а на повисоките катови ќе се наоѓаат зелени градини. Проектот би требало да добие LEED Gold стандард на зелена градба. Кулите се проектирани така што природното светло го опфаќа секој кат, а ќе биде инсталирано и енергетски ефикасно греење и ладење, како и системи за собирање ан дождовница. Потрошувачката на електрична енергија ќе биде следена со помош на паметни системи, а околнот простор ќе биде интегриран во програмата з ауправување со атмосферските води во Вухан. Изградбата на Wuhan Taikang Financial Centre е веќе започната, а комплетното завршување на работите е најавено за 2025 година.

zha3

 

Испрати коментар

Scroll To Top