Компанијата Zaha Hadid Architects (ZHA), е победник на меѓународниот конкурс за изработкана мастер план за ревитализација на пристаништето и неговата околина во талин, Естонија. Притоа, компанијата во финалната селекција во која се најдоа шест фирми, ги победи меѓу другите и AZPML, KCAP Architects & Planners и домашната ALA Architects.
Предлогот на ZHA е пофален од страна на клиентот за својот „иновативен и интегриран пристап“. „Решението има многу вешто направена и балансирана конекција помеѓу урбаниот простор и самото пристаниште, со внимателно проектирани сообраќајни врски и пристапни патишта“, вели Валдо Калм, претседател на Управниот Одбор на „Пристаниште Талин.“
Меѓу другите критериуми во евалуацијата на трудовите, жирито направио оценка на секој финалист по однос на кохезијата со околината, квалитетот на врските меѓу градот и пристаништето, нивото на иновативност, како и целокупната физибилност на понуденото решение.
Изведбата на овој проект, чија основна цел е реконекција на градот и јавните урнбани простори со пристаништето, како и подобрвање на функциите на пристаништето, е планирана за 2030 година.