Насловна / Архитектура / Zaha Hadid Architects победија на конкурс за мастерплан на град на брегот на Црно море

Zaha Hadid Architects победија на конкурс за мастерплан на град на брегот на Црно море

Zaha Hadid Architects се победници на меѓународниот конкурс за мастерплан на дел од градот Новоросиск во Русија на брегот на Црно море.

Print

ZHA black sea 4

Овој индустриски град кој ги поврзува Русија и Медитеранот, го има најголемото пристаниште во Русија и трето во Европа според приходите. Мастерпланот на ZHA е работен заедно со руското студио Pride TPO, и настојува да ги интегрира новите јавни простори и содржини со долгата поморска историја и традиција на местото. Се работи за површина од 13,9 хектари која е опфатена со овој мастерплан кој ги обединува културните, корпоративните и еколошките аспекти во една сеопфатна композиција, во која централно место заземаат девет згради со уникатна ориентација и функција.

ZHA black sea 1

ZHA black sea

На конкурсот учествувале повеќе од 40 тимови од 13 земји. На второто место е тимот составен од Miralles Tagliabue од Шпанија и Прогрес од Русија. Третото место го добиле Rudy Riccotti од Франција заедно со ProjectService (Русија) и JNC (Белгија).

 

Испрати коментар

Scroll To Top