Насловна / Архитектура / Zaha Hadid Architects објавија нови слики за кулата со највисок атриум во светот

Zaha Hadid Architects објавија нови слики за кулата со највисок атриум во светот

Глобалното архитектонско студио Zaha Hadid Architects објавија нови слики за Leeza SOHO, нивниот проект во финансискиот и деловен кварт на Пекинг. Проектот е значаен поради 190 метри високиот атриум кој ја следи целата височина на кулата, обединувајќи ги двeте испреплетени секции кои содржат 172.800 метри квадратни деловен и резиденцијален простор.заха хадид _3

Спектакуларниот атриум е замислен и како нов затворен јавен простор на градот, во вид на продолжение на плоштадот што ќе ја опкружува зградата. Објектот во моментот е во изградба и досега се завршени 20 од вкупно планираните 46 ката. заха хадид _4

Кога ќе бидe  завршена во 2018 год., оваа кула со височина од 207 метри ќе биде највисока меѓу објектите на Zaha Hadid Architects со SOHO Кина, меѓу кои се Galaxy SOHO и Wangjing SOHO.заха хадид _1 заха хадид _2

 

 

 

 

 

 

Извор: Arch Daily

Испрати коментар

Scroll To Top