Насловна / Архитектура / Zaha Hadid Architects ја редефинираше архитектурата на 21 век

Zaha Hadid Architects ја редефинираше архитектурата на 21 век

Во рамките на Интернационалниот форум за  архитектура и инженерство SHARE Скопје 2017 година што се одржа во септември, најголем интерес побуди специјалниот гостин Маурицио Меоси, постар соработник во бирото Zaha Hadid Architects, UK.

Архитектот Маурицио Меоси дипломирал архитектура на Universita degli studi во Фиренца, а магистрирал на Design Research Laboratory на Architectual Association во Лондон.

Тој првично се придружил на бирото Zaha Hadid Architects во 2002 година и работел како 3D дизајнер за неколку конкурси (BMW Лајпциг, Железничка станица во Фиренца и други). Во истата година го напуштил бирото и се вратил во Италија за да се придружи на инженерскиот тим MAXXI за работа на проект во 2003 година. Повторно се враќа во Zaha Hadid Architects во 2006 година и работи како проектант на Citylife Housing – станбен комплекс во Милано кој е завршен во 2013 година. Во истата година се сели во бирото во  Лондон, а  во 2014 година станува постар соработник во Zaha Hadid Architects, UK.

Маурицио Меоси од 2004 година е предавач на Universita degli studi во Фиренца, а држел предавања и на други универзитети во Италија и Америка._DSC2727

– За почеток едно општо прашање: Кои Ви беа мотивите да станете архитект и дали имате идоли во архитектурата?

-Во времето кога требаше да се запишам на студии најмногу ме интересираше музиката, но се запишав на студии по архитектура бидејќи во тоа време ми изгледаше дека така најдобро можам да избалансирам помеѓу уметничките амбиции кои ги имав и желбата на моите родители да се стекнам со некаква диплома, иако верувам дека тие ќе беа посреќни ако завршев фармација како мајка ми.

Во текот на првата година од студиите имав среќа да се запознаам со еден одличен професор – вистински инспиративна индивидуа – кој придонесе да се вљубам во архитектурата. Покрај него ја открив ЗАХА, чии рани слики и архитектонски цртежи имаа големо влијание на моето формирање како архитект.DEVOTO_City-Life_011-968x698

– Кои се предностите да се работи во едно такво големо архитектонско биро (Zaha Hadid Architects), а кои се мааните со оглед на тоа дека работите со голем тим и сте дел од екипата, па постои опасност индивидуалноста да дојде во втор план?

-Заха и Патрик (Patrick Schumacher) нè научија колку е важно да ја споделуваш работата. Да се биде дел од тимот не треба да биде нешто на што се гледа негативно. Во нашето студио секогаш му дозволуваме на секој член од тимот да придонесе според неговата стручност, а во исто време во текот на целиот процес да се стекне со нови знаења и искуство, како и да ги унапреди веќе стекнатите знаења, работејќи со поискусните колеги.

Во нашата фирма имаме јасна политика за вреднување на заслугите на секој член од тимот поединечно што не е честа пракса во други архитектонски фирми.

– Според  Вас, што го разликува студиото Zaha Hadid Architects од останатите архитектонски бироа, освен се разбира, славната  Zaha Hadid?

(Zaha Hadid Architects) ја редефинираше архитектурата на 21 век со имагинативни објекти насекаде на земјината топка. Нашите проекти извираат од нивната околина и поврзуваат различни концепти во едно. Нашата архитектура се дефинира со демократски став кој нуди вистински јавен простор однатре и однадвор. Идеологијата на секој наш дизајн има леснотија, но воедно и принципиелна дисциплина, со што објектите го разубавуваат градот, но не со претерана наметливост.ZHA_CityLife_Michele Nastasi 05

 – Кој е најкрупниот проект или проекти  (ако можете да издвоите) на Zaha Hadid Architects, а во кој од проектите вие лично сте биле најмногу инволвирани? (по една слика)

Имав среќа да работам на MAXXI Музејот во Рим еден од највлијателните проекти на Заха Хадид, културен центар каде ентериерот и екстериерот се преплетуваат еден со друг. По отворањето, локалното население од сите генерации го користи и како нов римски плоштад, така што она што за нас е исклучително возбудливо е дека  може да се каже дека музејот MAXXI стана дел од урбанизмот на градот Рим. Јас лично се сметам за исклучително среќен што имав прилика да учествувам и во фазата на креирањето, како и во фазата на изведбата на овој проект.

Проект кој особено сакам да го наведам е конкурсот за BMW Central Building во Лајпциг. Тоа беше првиот проект во кој учествував откако започнав со работа во студиото на Заха Хадид во 2002 година и навистина беше одличен начин да се започне!

На проектот City life Residencies во Милано го водев тимот сè до пуштање на комплексот во употреба.

Моментално сум вклучен во резиденцијални проекти во Австралија и Мексико.

– Што е моментално најактуелно во Zaha Hadid Architects и кои се плановите за во иднина?

ZHA (Zaha Hadid Architects), моментално работи на повеќе од 60 културни, академски, спортски и инфраструктурни проекти во шест земји. Нашата цел е со страст и посветеност, под водство на Patrick Shumacher и нашите директори да го продолжиме наследството на Заха Хадид со кое се подигаат стандардите и сите имаат општествен бенефит.ZHA_CityLife_Michele Nastasi 04

– Овој септември имавте прилика кратко да престојувате во Скопје. Какви се вашите впечатоци и дали пред  вашето доаѓање имавте некакви сознанија за тековите во архитектурата во Македонија и Скопје?

Бев импресиониран од градот и навистина уживав во посетата на Старата чаршија и тврдината Кале. Искрено сметам дека градот има големи потенцијали и ние како студио би биле многу среќни ако добиеме шанса да дадеме придонес во изгледот на градот._DSC2881

– Какви се вашите впечатоци од SHARE Skopje International Architecture and Engineering Forum?

Сметам дека SHARE е одлична платформа за архитектите, дизајнерите и инженерите да разменуваат мислења и идеи. Инаку покрај тоа, ако повторно се одржува во Скопје го гледам како добра шанса повторно да го посетам вашиот град.

Citylife Housing complex – Милано1501609165195ZHA_CityLife_Milano_Apartments_-HuftonCrow_009

Станбениот комплекс City life во Милано е дел од проектот за реутилизација на просторот на стариот саем во Милано. По изградба на новиот саемски комплекс од Massimiiano Fucksas, градот Милано реши да го даде на откуп овој простор и заедно со понудата да се даде и архитектонски проект за пренамена на просторот.

Panoramica_senza-titolo2_blog

Ние зедовме учество заедно со група инвеститори, изведувачи и архитектите Arata Isozaky и Daniel Libeskind.

Урбанистичкиот план се носеше во две фази, во 2005 и 2007 година, а нашиот резиденцијален проект започна прв со реализација, за да биде завршен во 2013 година.ZHA_CityLife_Milan_photo David Bombelli (3)

Станбениот комплекс содржи седум згради поделени во два дела со голем пешачки булевар кој визуелно и физички го спојува комплексот со City life паркот и кулата Хадид која во иднина треба да биде изградена.

Синусоидните кровни профили кои се повторуваат на целиот комплекс, но варираат со висините, од пет на најнискиот објект до четиринаесет ката на највисокиот го обединуваат целиот комплекс и формираат единствена петта фасада.

Klat_City_Life_Hadid_foto_Michele_Nastasi_03

Klat_City_Life_Hadid_foto_Michele_Nastasi_06

Диспозицијата на зградите дефакто формира типологија на внатрешен двор од што произлегува дуалитетот во комуникацијата на станбениот комплекс со останатото урбано ткиво. Надворешните фасади каде што се дневните соби, се со широки отвори и пространи тераси што овозможува непречена комуникација со градот, додека внатрешните фасади кон дворот, кој зградите го формираат и каде се сместени кујните и спалните соби се со помали отвори и дрвени ролетни, така што овозможуваат чувство на интимност.

ZHA_CityLife_Milan_photo David Bombelli (1)

th_65d1300db123ce22f6e2569fb36764f8_1099_rc_lobbyinterior

33863ef38432496b8da3da1ab7b60fca

38c26652f5713e99b52c16525d12f80e

Учесници во проектот

Автори: Zaha Hadid, Patrick Shumacher

Директор на проектот: Gianluca Racana

Главен архитект: Maurizio Meossi

Надзорен тим: Cristina Capanna, Veronica Erspamer, Stefano Iacopini, Florindo Ricciuti, Giulia Scaglietta.

 

Автор: Ана Радоњиќ, дипл. инж. арх.

Испрати коментар

Scroll To Top