Замислете да можете да градите веднаш до лондонскиот Tеатар Глоуб? Доволно е само да го инсталирате го најновиот додаток за најпопуларната игра во светот.
Британското архитектонско студио Zaha Hadid Architects се здружи со софтверската компанија Epic Games за да создаде параметарска верзија на Лондон за нивната популарна видео игра Fortnite.
Оваа интересна соработка претставува значаен чекор кон поврзување на архитектурата и гејмерската индустрија, што може да направи да ги доближи архитектонските идеи до помладите генерации.
Во играта наречена Re:Imagine London, играчите се наоѓаат на виртуелен остров лоциран на брегот на Темза, исполнет со заоблени и футуристички градби карактеристични за стилот на Заха Хадид, ирачката архитектка која почина во 2016 година.
Преку интерактивната платформа, играчите имаат можност да создадат своја параметарска архитектура користејќи веќе дизајнирани модули. Овие модули им овозможуваат на играчите да подигаат згради и различни градби во близина на познати градски знаменитости како што се катедралата Свети Павле, галеријата Тејт Модерн и Театарот Глоуб.
Популаризација на архитектурата преку гејминг
Овој проект има за цел да поттикне интерес за урбан развој и архитектура меѓу помладите генерации. Преку интерактивна и забавна игра, играчите се запознаваат со концептите на одржлива градба и повеќенаменско користење на просторот.
„Исклучително сме возбудени што можеме да им понудиме на младите луѓе платформа преку која можат да ги истражат комплексноста на урбаното планирање и архитектонското проектирање“, истакнуваат од Zaha Hadid Architects. „Веруваме дека овој вид на соработка може да инспирира следна генерација архитекти и дизајнери.
Синергија на архитектурата и гејминг индустријата
Соработката со Epic Games претставува пример за тоа како архитектонските студија можат да се поврзат со гејминг индустријата за да создадат едукативни и инспиративни содржини. Со користење Unreal Editor за Fortnite (UEFN), Zaha Hadid Architects интегрира комплексни архитектонски концепти во достапна и интерактивна средина.
„Оваа платформа ни овозможува да истражуваме нови начини на презентирање на архитектурата и да ангажираме што поширока публика преку дигиталните медиуми“, додаваат од бирото. „Гелминг индустријата обезбедува неверојатни можности за образование и креативно изразување“.
Интерактивно учење преку игра
Играта нуди шест типологии на модули за градење: шеталишта, структури, паркови, комерцијални простори, канцеларии и станбени објекти. Играчите можат да ги постават овие модули на четири достапни локации: Puddle Dock, Trig Wharf, Blackfriar’s Bridge и Bankside – што им овозможува интуитивно да разберат како различните елементи на архитектурата се вклопуваат во целина.
Преку процесот на изградба, играчите се соочуваат со предизвици за урбанистичко планирање кои поттикнуваат критичко размислување и креативно решавање на проблеми. Ова искуство може да биде особено вредно за оние кои размислуваат за кариера во архитектурата или сродни области.
Поместување на границите
Овој проект е продолжение на истражувањето спроведено од Zaha Hadid Architects преку својата Група за пресметување и дизајн (ZHA Code), фокусирана на примената на технологијата во архитектурата и урбанистичкото планирање. Бирото е познато по своите иновативни и авангардни пристапи, а соработката со Epic Games уште еднаш ја потврдува нивната посветеност на поместување на границите и доближување на архитектурата до пошироката публика.