На Меѓународниот архитектонски конкурс завршен на 17-ти декември, за новата зграда на Музејот на Никола Тесла, избран е победничкиот труд и најдоброто решение го понудиле познатото лондонско архитектонско биро Zaha Hadid Architects, во соработка со белградското Bureau Cube Partners. Новото седиште на овој музеј ќе биде зградата на некогашната фабрика за хартија, а потоа и седиште на „Југошпед“, изградена на почетокот на минатиот век. Со тоа, овој познат музеј од постоечките 250 метри квадратни, ќе се прошири на површина од 6000 метри квадратни. Музејот на познатиот научник се повеќе го привлекува интересот на посетителите, па така во 2024 година заблежана е рекордна посетеност во историјата на неговото постоење.
Насловна / Архитектура / Zaha Hadid Architects и Bureau Cube Partners, победници на конкурсот за музејот на Тесла во Белград